Вкусен и едноставен рецепт: Направете сами амерички палачинки со ексклузивните ДИМ марки и производи

Нема ништо подобро од мирисот на палачинки кои се прават за викенд утрата и чија арома се шири низ кујната. Меки, златни и прелиени со чоколадни преливи или крем, палачинките се омилена класика која може да го разубави денот на секого. Без разлика дали сте искусен готвач или почетник, правењето палачинки од овој вид е доста лесно и едноставно.

Во оваа објава, ќе напишеме едноставен рецепт кој гарантира вкусни резултати секој пат, заедно со совети како да ги приспособите вашите палачинки за да одговараат на вашиот вкус.

Затоа, земете ја престилка и ајде да вртиме палачинки!

Што ни е потребно?

За добивање на околу 10тина палачинки, за овој рецепт потребни се следните состојки:

  • 2 Јајца
  • 10/12 супени лажици брашно
  • 0.5 / 0.650 мл. млеко
  • мала чаша вода
  • пола кафена лажица сол
  • цела кафена лажица шеќер

Опционално:

  • кафена лажица шеќер во прав
  • чоколаден прелив за потемна боја и поблаг вкус на смесата

Завршницата на овој десерт,ја препорачуваме да ја направите со нашиот вкусен Twisty крем, изронета Twisty мелени бисквити и парчиња банана по свој вкус и мерак.

Припрема

Во сад скршете 2 јајца и измешајте ги. Додадете 10 до 12 големи супени лажици брашно, мала чаша вода, пола кафена лажица сол и цела кафена лажица шеќер. Потоа, додавате млеко и постепено мешате или користете миксер. Го мешате тестото додека не дојдете до некоја смеса која не изгледа густо но сепак не е ни течна. Како тест, доколку сакате да сте сигурни, со една кутлача земете од сместа и ставете во предходно загреана тава со предходно додадени една до две капки масло (тавата треба да биде доволно загреана за да не се лепи самата смеса).

Доколку смесата не се рашири сама по себе во тавата, тогаш сте на прав пат. Доколку се шири во тавата и изгледа течно, додадете уште една лажица брашно.