ДИМ Маркети

Дим маркет ги отвори своите први 2 маркети во ист ден на 23.12.2017 година во Стајковци и Кисела вода, со што го одбележуваме стартот на една убава и успешна приказна.

Оттогаш Дим е застапен на 11 локации во Скопје, 5 локации во Куманово, 1 во Свети Николе и 1 во Берово.

Експанзијата е во тек и се очекуваат нови маркети на нови локации во Скопје како и низ целата држава.

Нашата цел и принцип на работа пред се, се задоволни потрошувачи.

Во нашите маркети ќе најдете свежо овошје и зеленчук, бренд производи по одлични цени како и наши внимателно одбрани приватни брендови и производи ексклузивни за Дим кои не штедат на квалитет а сепак го штедат вашиот џеб.